Виталиа – општествено одговорна компанија во која жените се силен поттик за развој
Во своето постоење кое трае повеќе од четвртина век, Виталиа е компанија која останува верна на своето име и во целост го оправдува неговото значење. Виталноста на оваа компанија ја одржуваат постојаниот раст и развој на секој сегмент на нејзиното работење: од зголемување на понудата на сопствените производи и проширување на бизнисот надвор од земјата преку извоз, до следење на најновите технологии, иновации и трендови во исхраната на современиот човек. Започнувајќи како мал, семеен бизнис во деведесеттите години од минатиот век, Виталиа низ годините израсна во глобално позната компанија со водечко место во прехрамбената индустрија во регионот.
Виталиа ја одржува виталноста и преку општествено ангажирање – проактивно учество во животот на заедницата на која и’ припаѓа, на која постојано и’ враќа и за која се грижи, секогаш со тенденција за нејзино подобрување. Во таа смисла, Виталиа започнува од кругот на своите вработени и овозможува тој да се шири нанадвор, на разновидни начини. Одговорноста према заедницата и работникот Виталиа ја отелотворува преку инвестирањето во еден отворен и рамноправен простор за сите, каде шансата да се биде дел од нејзиниот бизнис значи да се има пристап до постојана едукација чија цел е заеднички напредок. Вложувањето во едукацијата на вработените значи создавање на плодна почва за иновации и нивното ефективно спроведување во пракса – од производот и производниот процес до начините на кои процесот ќе биде менаџиран, а производот пласиран на светскиот пазар.
Современиот, прогресивен пристап на компанијата се прикажува и во инклузивноста и родовата сензитивност, каде рамноправноста на жената се зема како сериозен одговор на недостатоците на регионалниот и глобален корпоративен однос кон ова прашање во минатото, но и денес. Бавниот процес на инклузија на жените во хиерархиски повисоки позиции во големите индустрии оваа компанија проактивно и успешно го решава и претставува златен стандард на полето на општествената одговорност во регионот. Лидерските места во рамките на Виталиа не се престиж достапен единствено на мажите, туку се места до кои имаат можност да стигнат сите, без оглед на родовата припадност. Напредокот кај групната свест во оваа корпоративна заедница го пука балонот на привилегијата на малкуте и помага да се промени досегашната родова перцепција, која страда од стереотипизирање и предрасуди, пред се’ останато. Оттаму, добросостојбата на вработените Виталиа ја овозможува преку создавање на еднакви шанси за сите, што за возврат создава искрена мотивација во работата.
Компанијата е доволно самосвесна за да знае дека со диверзен, високообразован и мотивиран кадар успешно ќе продолжи да освојува нови пазари на најразлични прехрамбени производи кои ги задоволуваат дури и најделикатните вкусови на локално и на светско ниво, истовремено. Авто-рефлексијата на компанијата е изразена и во пракса. Во 26-те години постоење, бројот на вработени и понудата на производи постојано растат, а успешната работа создаде услови за Виталиа да се прошири низ повеќе од 55 земји што се протегаат низ 5 континенти. Успехот на компанијата се должи на упорноста и знаењето на нивниот истражувачки тим, високата продуктивност и храбрите бизнис одлуки на менаџерскиот тим, кои се темелат на познавање на потребите и трендовите кај потрошувачите на регионалниот и глобалниот пазар. Виталиа се доживува пред се’ како големо семејство, а за едно семејство да биде функционално, тоа мора да биде среќно и задоволно во својата куќа.
Во иднина, како и досега, визијата на Виталиа останува непроменета. Оваа компанија стана еден од најугледните и престижни брендови во земјава со јасна визија и мисија која постојано ја следи. А мисијата е создавање на здрави производи со проверен квалитет, кои се создадени според истенчениот вкус на современиот потрошувач, притоа промовирајќи подобар и поздрав живот за нивните консумери.
Основачите се одлучни да чекорат по патот на успехот, исполнет со ентузијазам, страст, но и напорна работа. Тие ја продолжуваат нивната мисија за создавање и одржување на општествено одговорна компанија, што во целост се придржува кон највисоките стандарди и норми, истовремено мотивирајќи ја заедницата да го следи нивниот пример.