Полицискиот час за викендите ќе започнува од 19 часот
Владата на денешната седница донесе одлука за скратување на забраната за движење за време на викенд.
Почнувајќи од утре, во сабота и недела, граѓаните ќе можат да се движат во периодот од 5 до 19 часот.
„Во сабота и недела, сите млади лица под 18 години ќе можат да се движат од 13 до 19, а сите возрасни граѓани над 67 години ќе можат да се движат од 5 до 12 часот“, се наведува во владиното соопштение.
Во него се додава дека на сила остануваат сите други владини мерки кои се донесени за заштита од Ковид-19.