Прототема: Брза разврска , договореното име е Северна Македонија
Грчкиот весник пренесува дека владата во Атина уште од неделата го чекала премиерот Заев да избере меѓу двете имиња кои биле селектирани и во исто време да го прифати условот ерга омнес. “Попладнево одлуката падна, иако владините преставници предупредуваат дека се може да се сруши за миг”, пишува Прототема. Според весникот името кое е договорено е Северна Македонија. ” Договорот е во најкритична фаза и се виси на конец “, велат од грчкото министерство за надворешни работи.
Прототема пренесува дека Берлин во моментов е најмногу фокусиран на најголемата македонска опозициона партија ВМРО-ДПМНЕ и дека се врши голем притисок да гоприфати договорот за името.
Западниот фактор смета дека е неопходна поддршката на ВМРО ДПМНЕ за договорот за името, пред да биде распишан референдумот. Според весникот се очекува премиерите на двете земји телефонски да разговараат утре , а Заев потоа да ја соопшти одлуката пред граѓаните.
Прототема пишува дека договорот ќе подразбира државјанство- Северна Македонија, јазикот ќе остане Македонски, но не се знае дали ќе биде преведен на англиски, а и за името Северна Македонија се уште не се знае дали ќе биде прифатена англиската или непреведената верзија.