Излезе снимка од убиството на терористот во Белгија

Белгија е во шок по терористичкиот настан. Белгиските власти по терористичкиот напад во Лиеж денеска врши претрес на ќелиите во затворот каде напаѓачот, Бенжамин Херман, одлежувал казна за „минорни дела“ како што соопшти белгиската полиција.
Херман бил привремено пуштен од затворот вчера, по што денеска нападна две полицајки кои вршеле рутински контроли.

Властите се сомневаат дека напаѓачот е исто така одговорен за убиство кое се случило во понеделник вечер во градот Он како и дека ограбил продавница за накит во градот Рошфор.

Белгиската јавност е под шок по денешниот напад во кој исто така беше убиен и случаен минувач, 22-годишниот Сирил Вангрикен.

Случајот го презеде Федералното обвинителство со што се потврдува дека се третира како терористичко дело. Обвинителството ќе одржи прес конференција и ќе соопшти повеќе детали.

Белгиските политичари и јавни личности упатија сочувство до блиските на убиените, а сочувство стигна и од францускиот претседател Емануел Макрон кој изрази „солидарност со белгискиот народ“. Во јавоста се појави снимака на која се се гледа убиството на терористот .

Translate »