Љубовникот на Џорџ Мајкл: До крај ќе се борам за парите и не, нема да си најдам работа!
Поранешниот љубовник на Џорџ Мајкл на твитер објави дека ќе ги продава работите на покојната поп ѕвезда за да преживее додека не го добие својот дел од тестаментот . “Ќе се борам до крај за она што ми припаѓа. Немам веќе почит ниту кон Мајкл ниту кон неговото семејство. И не, нема да си барам работа! Ако некој дава пари за интервју, тука сум!” ,напиша на твитер Фади Фаваз, кој со години беше во страсна врска со познатиот пејач.
44 годишниот фризер во моментов живее во куќата на својот покоен партнер , во Лондон. Тој пред медиумите неодамна се пожалил дека семејството на Мајкл кон него не се однесува човечки. ” Немам пари и во долгови сум до гуша, но нема да им попуштам, нема да се ослободат од мене”, вели Фаваз, кој пред две години го најде Мајкл мртов во неговиот дом во Оксфорд. Оттогаш започна и судската битка за наследството вредно над 100 милиони фунти. Двете сестри и братучедот на пејачот тврдат дека поранешниот љубовник нема право на парите од наследството бидејќи тој уште во 2015 му раскинал на Мајкл.