Подарете цвеќе без повод
Не треба да чекате да дојде нечиј роденден, или 8ми март, за да им подарите нешто на луѓето кои нешто ви значат. Напротив подарокот е најдраг, кога ќе дојде спонтано, без повод, без очекувања. Дури и кај оние кои тврдат дека “нема потреба да купувате ништо”, можете да ја видите скриената радост кога ќе добијат изненадување од саканата личност.
Персоналниот подарок е најдобар начин некому да ми кажете дека Ви значи, дека го сакате и почитувате, дека сте одвоиле посебно време само за да го најдете совршениот подарок за неа/него. Подароците исто така многу кажуваат и за самите подарувачи. Од нивниот избор се оценува нивната креативност, оригиналност и колку им значи личноста на која сакаат да и подарат нешто.
Подароците се најубави кога се персонализирани, кога се на линија на стилот и начинот на живот на личноста на која нешто и подарувате. Дури и научно е докажано дека подарувањето не’ прави да бидеме подобри личности.
Подароците во себе може да имаат и скриени пораки. Накитот симболизира желба за трајно врзување. Книгата симболизира дека некој добро ве познава, и тоа би било точно доколку навистина ви ја „погоди“ книгата. Со цвеќето пак нема да промашите. Залепете му некоја своја порака и персонализирајте го. А доколку се тоа уникатни зелени аранжмани од градинарскиот центар ФОЈА, уредени во убава саксија, никој неможе да остане рамнодушен.