Холивудска исповед: “Сексуалното злоставување беше уште полошо во 50-те години, тогаш ништо не знаевме за тоа и не смеевме да зборуваме”
После кампањата #MeToo, во која жените ги разоткрија валканите работи кои се случувале во Холивуд, каде веќе со векови сексуално се злоставува и се извлекува од тоа, стана многу јасно дека сјајот на Холивуд е лажен.
Искрените заблагодарувања за време на доделување на награди се лажни, сите бегаат од сите, жените меѓусебно се предупредуваат на одредени луѓе кои се опасни и слично.
А, Џоан Колинс неодамна раскажа за своите искуства од почетокот на кариерата, односно за времето во 50 години.
Првата улога ја имаше на 18 години, а вели дека имала среќа, бидејќи родителите се занимавале со истиот бизнис па претходно ја предупредиле на што сè ќе наиде.
“Поголемиот дел од времето бев подготвена за предаторите кои се однесуваа на начин на кој мене навистина не ми се допаѓаше. Сакаа работи од мене, кои јас дефинитивно не ги сакав”, рекла Џоан.
Кога го снимила првиот филм била едвај полнолетна, а станува збор за филмското остварување “I Believe in You”.
“Еден продуцент постојано ме следеше наоколу. На крајот од денот постојано се нудеше да ме однесе до дома, бидејќи тогаш немав автомобил и доаѓав со метро. Вработените во гардероберот ме сокриваа помеѓу облеката секој ден со цел да го избегнам. Еден од глумците сето тоа го забележа и се понуди да ме однесе дома. Бев многу наивна па се согласив. На крајот и од него добив неморална понуда. Беше навистина гадно”, рекла Џоан.
Таа додава дека тогаш ситуацијата била и многу полоша, бидејќи младите немале никаква сексуална едукација и немале поим што се случува.