20 совети од еден од најдобрите психолози во светот
Следните 20 совети од д-р. Михаил Литвак, психотерапевт и психолог кој го разви системот „Психолошки аикидо“, ќе ви помогне во решавањето на многу животни ситуации…
1. Доколку човекот не може да каже ништо добро за себе, а сака нешто да каже, тој започнува да говори лошо за другите.
2. Гризај ја науката, а не грлото на својот ближен, ако навистина сакаш нешто да загризаш.
3. Депресивната состојба му е дадена на човекот за да размислува за себе.
4. Никој никого не отфрла, само некој оди напред. Оној кој застанал смета дека е отфрлен.
5. Ако добро мислите за себе, зошто е потребно уште некој добро да мисли за вас.
6. Работи што сакаш и не прашувај за дозвола. Нема да ја добиеш.
7. Способноста да се сака и добро да се поднесува самотијата е показател за духовната зрелост. Всушност најдобро работиме кога сме осамени.
8. Незрела личност често знае, но не умее. Зрелата не само што знае туку и умее. Затоа, незрелата личност критикува, а зрелата делува.
9. Јас не го знам патот до успехот. Но, го знам до неуспехот – тоа е желбата да им се допаднеме на сите.
10. Нема машка или женска логика, постои способност или неспособност мудро да се мисли.
11. Сакаш да го дознаеш својот главен непријател? Погледни во огледалото. Избори се со него и останатите ќе се разбегаат.
12. Постигни успех – ќе поминат навредите.
13. Со пријателите е пријатно да се разговара, со непријателите е корисно.
14. Постои само една валидна причина за прекин на врската и престанок на работниот однос – неможност за личен раст во дадените околности.
15. Треба да споделувате само радост и со пријателите и со непријателите. Пријателите ќе се израдуваат, а непријателите ќе се вознемират.
16. Не ја бркај среќата, и ќе го најдеш местото каде што таа престојува. И среќата сама ќе те најде. Можам да ти кажам едно место каде што престојува твојата среќа – во тебе. А патот до неа е максимален развој на своите способности.
17. Среќата е нуспроизвод на правилно организирано делување.
18. Доколку на некој сакаш нешто да му докажеш, значи дека живееш само поради тоа. Ако живееш поради себе, тогаш нема потреба на некој нешто да му докажуваш.
19. Фантазијата – тоа е глас на нашите способности. Па затоа јас не фантазирам дека пеам во опера. Немам ниту глас, ниту слух. А ако би фантазирал, во согласност со тоа фантазијата би ги подгреала моите способности. Поради тоа, би се трудел да достигнам до опера. Само треба да размислувате како тој сон да се оствари. Тука е главно да не брзате, тогаш соништата се остваруваат релативно брзо. Добро е кога човек може да го каже за себе следново: Јас се занимавам само со обиди да ги остварам своите соништа.
20. Подобро е да комуницирате со добра книга, отколку со празен човек.