Застрашувачки податоци – дури 90% од солта која ја јадеме содржи микропластика
Според едно ново истражување на солта од морињата, од карпите и од езерата, дури 90% од солта која ја користиме во исхраната содржи микропластика. Пред неколку години истражувачите открија дека микропластиката се наоѓа во моркста сол, но никој не беше сигурен за тоа во колкав процент ја има.
National Geographic напиша дека истражувачи од Јужна Кореја и од организацијата Greenpeace за Источна Азија тестирале 39 брендови сол, а 36 од нив содржле емикропластика. Истражувањето е прво од овој тип кој прави корелација меѓу микропластиката во солта за јадење и пластиката во животната средина.
„Резултатите покaжуваат дека внесувањето микропластика преку морските производи е врзано за емисијата на стакленички гасови во даден регион“ изјави Сеунг-Кју Ким, професор по морски науки на Националниот универзитет во Јужна Кореја.
Примероците сол кои биле тестирани се од 21 земја од Северна и Јужна Америка, од Европа, Азија и Африка. Трите кои не содржеле микропластика се рафинирана морска сол од Тајван, рафинирана камена сол од Кина и нерафинирана морска сол добиена со соларно испарување во Франција.
Застапеноста на микропластиката во сотла варирала од бренд од бренд. Истражувањето покажало дека азиските брендови сол содржат најголема количина микропластика, особено сотла од Индонезија. Според едно истражување од 2015 година, Индонезија е втора по загадувањето со пластика во светот.
Истражувачите откриле и дека најголем е процентот на микропластика кај морската сол, потоа следува солта од езерата и камената сол. Според истражувањето, еден просечен возрасен човек консумира околу 2.000 парчиња микропластика годишно преку солта. Она што е мистерија е колку е штетна таа пластика за организмот. Поради недостиг на податоци и несогласување на резултатите од различни истражувања, нема конкретни цврсти докази дека микропластиката има штетно влијание врз човечкото тело.