Новиот владин состав, кои се очекувањата!

Во новиот владин состав ќе има ротации во министерските места, речиси сите се веќе дел од извршната власт, а некои се актуелни политичари на раководни позиции во институциите.

Иако досега никој не потврдува, контурите на тимот на идниот мандатар Ковачевски се веќе познати.Содржината продолжува после огласот

Д-р Јане Алексоски: „Не можеме да бидеме здрави ако не ги одржуваме вените чисти!“

Министерот за правда Бојан Маричиќ е извесно дека ќе го добие вицепремиерското место на Димитров за евроинтеграции. Информацијата не ја потврдува, но за Канал 5 вели дека е максимално подготвен за задачата која ќе му биде доверена од мандатарот.

Битиќи останува вицепремиер за економски прашања, Спасовски во внатрешни работи, а во транспорт и врски на местото на Бочварски, неофицијално ќе биде поранешниот градоначалник на Скопје Шилегов, или директорот на македонски железници Хари Локвенец.

Единствено ново име во Владата најверојатно ќе биде еден од советниците на премиерот, Милан Живковиќ – министер за труд и социјална политика. Од култура најверојатно заминува Стефоска, а непознато е кој ќе биде нов министер, како и во образование на местото на Царовска.

Во земјоделство се шпекулира дека се враќа Љупчо Николовски- тој за Канал 5 одговори само дека засега течат партиски консултации за раководство на СДСМ, а кадровските прашања се работа на идниот мандатар. Иако се споменуваше дека заменик-претседателката на СДСМ Лукаревска ќе го замени него на вицепремиерската функција или во министерството за правда, таа категорично ги демантира шпекулациите.

Според политичкиот аналитичар Петар Арсовски, новиот мандатар има временски притисок и затоа ќе има веќе истакнати политичари во неговиот тим.

-Очигледно е дека владејачката партија чувствува потреба за промени за некакво ребрендирање и мислам дека на ова се должи новата стратегија за посеопфатни промени во нивниот состав. Тоа, во комбинација со новиот премиер кој секако ќе сака да покаже своја автентичност, мислам дека е тоа причината во која треба да се лоцираат овие промени на позициите во СДСМ, Не исклучувам нови промени во владиниот кабинет или во партиската инфраструктура понатаму откако новиот премиер ќе види како функционира во наредните неколку месеци, – Петар Арсовски – политички аналитичар.

Од останатите ресори, Горан Милевски останува во министерството за локална самоуправа. Тој за Канал 5 изјави дека со новиот мандатар нема разговарано за кадровски прашања, но не очекува измена на позицијата на ЛДП.

ДУИ задржува шест позиции, а единствено останува непознато дали ќе го добијат столчето во земјоделство или во одбрана на местото на Шеќеринска. Новиот владин партнер Гаши од Алтернатива веќе ги потврди имињата на тројцата министри – Сали во здравство, Алити во информатичко општество и Чупи без ресор.

Утре според најавите премиерот Заев ќе ја поднесе оставката од премиерската функција, со што почнува да тече рокот за состав на нова Влада.

Translate »