Книга која ја препорачуваме: “Како го добив талентот за живеење” од Родан ал Галиди

Две ќебиња, три чаршафи, еден пешкир, една перница и една навлака за перницата.

Аеродромот во Амстердам, 1998 година. Самир Карим се симнува од летот од Виетнам, го кине авионскиот билет заедно со својот пасош на најситни можни парчиња и ги фрла во тоалетот, а потоа бара азил. Го напушта Ирак за да го избегне регрутирањето во армијата на Садам Хусеин; поминува седум години талкајќи анонимно низ Азија. Сега, сигурен во срцето на Европа, тој е испратен во азилантски центар и му е доделен кревет во заеднички дом – каде ќе ги помине следните девет години. Соочувајќи се со апсурдностите на бирократијата, Самир се труди најдобро што може да живее сложно со неговите 500 нови цимери. Раскажана со сочувство и уникатна смисла за хумор, ова е инспиративна приказна за преживувањето, поглед одблизу на скриениот свет на бегалците и шверцерите на луѓе, отрезнувачка рефлексија на нашето време.

Стигнавме до еден магацин каде што тој ми подаде две ќебиња, три чаршафи, еден пешкир, една перница и една навлака за перницата. Потоа ми рече да се потпишам на еден лист хартија и ми објасни дека отсега јас сум одговорен за работите што сум ги земал и дека следи парична казна доколку не ги вратам истите работи назад. 

Како го добив талентот за живеење, Родан ал Галиди, Феникс 2020

За авторот

Родан ал Галиди е поет и писател. Роден е во Ирак, а живее во Холандија од 1998 година. Неговиот роман „Аутистот и гулабот писмоносец“ во 2011 година ја добива Наградата на Европската унија за литература. „Како го добив талентот за живеење“ е неговиот најуспешен роман – бестселер, преведен на повеќе јазици. На подкастот Portals од International Literature Festival Dublin, преслушајте го прекрасниот разговор со авторот Родан ал Галиди.

https://w.soundcloud.com/player/?visual=true&url=https%3A%2F%2Fapi.soundcloud.com%2Ftracks%2F830083420&show_artwork=true&maxwidth=580&maxheight=870&dnt=1

Translate »