Доналд Трамп ги продолжи вонредните мерки за санкции кон Северна Македонија

Претседателот на САД, Доналд Трамп, со писмото го извести Конгресот дека ја продолжува  американската национална вонредна состојба која го одобрува наметнувањето санкции за екстремистички активности во Северна Македонија и останатите земји од Западен Балкан.

“Националната вонредна состојба во однос на Западен Балкан, објавена во Извршната наредба 13219 на 26 јуни 2001 година, ќе продолжи да важи по 26 јуни 2019 година”, рече Трамп. “Актите на екстремистичко насилство и опструктивната активност … се непријателски настроени кон интересите на САД“

Извршната наредба 13219 ја овластува владата на САД да замрзнува имот и сметки или да наметне санкции за сите поединци или ентитети кои се закануваат на меѓународните напори за стабилност во Западен Балкан.

Екстремистичкото насилство, рече Трамп, останува закана во државата што сега е Северна Македонија и на други места во Западен Балкан. Напорите за спречување на спроведувањето на Дејтонскиот договор во БИХ и резолуцијата на Советот за безбедност на ОН за Косово, исто така, продолжуваат да бидат закана, додаде тој.

Вонредните мерки беа донесени во 2001 година, поради заканите врз националната безбедност и надворешно политичките интереси на САД. Белата Куќа потенцира дека постојат субјекти кои и понатаму ги опструираат Охридскиот мировен договор, Дејтонскиот договор во Босна и Резолуцијата 1244 на Косово.

Translate »