Катастрофални поплави и лизгање на земјиштето во Јапонија: Се евакуираат речиси милион луѓе
Една жена била пронајдена мртва откако нејзиниот автомобил паднал во река, а маж го однела водата откако излегол од својот автомобил и се обидел да побегне.
Поројните дождови предизвикаа поплави и лизгање на земјиштето на островот Кјушу на југот на Јапонија, а во катастрофата најмалку две лица го загубија животот. Јапонските власти наложија итна евакуација на 850 илјади жители на погодените краеви на југот на земјата.
Една жена загинала откако водата го однела нејзиниот автомобил во подрачје кое што било погодено од поројни дождови, пренесува британската новинска агенција „Ројтерс“. Маж во околината на градот Фукуока починал откако се обидел да побегне излегувајќи од автомобилот, по што го однела надојдената вода.
Портпаролот на јапонската влада на вондредната конференција за новинари побара од локалното население во погодените краеви да превземе чекори за рана евакуација со цел да ги спасат своите животи.