Народни верувања што носат несреќа, а некои луѓе целосно веруваат во нив

Луѓето веруваат во многу непишани правила и склони се кон суеверија, па многу ситуации ги толкуваат како претскажување дека ќе се случи нешто лошо или добро. Многу е веројатно дека тие непишани правила ги пренесуваат постарите членови на фамилијата, а не се знае зошто точно. Прочитајте во продолжение какви народни верувања постојат поврзани со лошата среќа.

1. Едно непишано правило за кое сигурно сте слушнале е дека не треба да ви се вкрстат рацете при запознавање со некого. Ако четворица се поздравуваат и ако по некоја случајност ги вкрстат рацете се верува дека тоа е предзнак за кавга или прекин на пријателство.

2. Постои и верување поврзано за тоа кого прво ќе сретнете на улица. Се верува дека децата носат среќа и радост цел ден. Ако видите момче и девојка тоа значи дека денот ќе ви биде несреќен. Ако сретнете маж или жена тоа значи дека денот нема да ви биде најдобар, а ако сретнете постари луѓе тој ден ќе ви биде полн со лутина.

3. Задолжително треба да запомните што сте сонувале додека сте спиеле во туѓ кревет бидејќи наводно тие соништа се остваруваат.

4. Познато е и верувањето дека кога двајцата ќе се судрат со главата со намера нешто да подигнат од земја, ќе се засакаат.

5. Дали знаевте дека не е добро ако странец си замине од вашата куќа, а пред тоа не седнал? Според народното верување со него го зема и мирот од куќата.

6. Се верува дека не треба да очекувате ништо добро од патот по кој сте тргнале ако претходно сте се вратиле назад барајќи го тоа што сте го заборавиле.

Translate »