Метрополата прекриена од темнина насред бел ден, како да започнал крајот на светот

Бразилската вселенска агенција соопштила дека бројот на пожари во Амазонија пораснал за 83 проценти во однос на минатата година, поради сечењето на шумите.

Прашумите во бразилскиот дел на Амазонија оваа година е погоден од рекорден број на пожари, покажуваат податоците на државната агенција за вселенски истражувања. 

Институтот податоците собрани со помош на сателити ги објавил една недела откако претседателот на Бразил, Жаир Болсонаро го отпуштил шефот на оваа институција поради изнесување на податоци за сечењето на шумите.

Пожарите довеле и до замрачување на Сао Паоло. Дневната темнина која траела околу еден час, се случила во 15 часот, откако силните ветрови го донеле чадот од државите Амазонас и Рондонија, кои се оддалечени од Сао Паоло на повеќе од 2.700 километри.

Најголемата дождовна шума на светот, Амазонија, е клучна во борбата против глобалното затоплување.

Конзерваторите го обвиниле Болсонаро, тврдејќи дека ги поттикнал дрвосечачите и земјоделците да ја сечат шумата.

Во меѓувреме, од американската агенција НАСА било соопштено дека вкупниот број на пожари во Амазонија е малку понизок од просечниот.

Додека повеќето пожари горат во Амазонас и Рондонија, во државите Мато Гросо и Пари бројот на пожари е понизок.

https://twitter.com/leandromota_/status/1163518390163640320/photo/1?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1163518390163640320&ref_url=https%3A%2F%2Ftocka.com.mk%2Fvesti%2F316771%2Fmetropolata-prekriena-od-temnina-nasred-bel-den-kako-da-zapocnal-krajot-na-svetot-zad-ovaa-pojava-se-krie-uzas-koj-treba-da-n-zagrizi-site
Translate »