Масовни кражби во скопската населба Карпош
Изминатиов период во полициската станица Карпош се регистрирани неколку серии на криминални операции во домови на Карпошани.
Во реонот од Зоолошката градина до Машинскиот факултет, повеќекратно се фатени осудувани криминалци за насилно разбојништво и тешки кражби, како преку цела ноќ оперираат во куќи и згради.
Карпошани велат дека пријавиле во полициската станица Карпош, која во повеќе наврати ги идентификувала овие крадци, но сега граѓаните се прашуваат што понатаму! На 12-ти јуни била регистрирана последната случка на кражба и тоа благодарение на совесен граѓанин кој спасил имот на негов сосед.
Загрижените граѓани залепиле известувања на видливи места во овој реон, со цел да ги информираат останатите што се случува, за да бидат повнимателни, бидејќи, по сè изгледа дека никој надлежен орган нема намера да предупреди за оваа новонастаната, доста актуелна и загрижувачка ситуација.
„Се замолуваат сите соседи во случај да приметат сомнителни лица, да се јават ВЕДНАШ во полициската станица Карпош, на тел. 02/306-8908 или на 192“, стои во известувањето од совесните граѓани.