Додека ги истражувал морските длабочини, го нападнал октопод: Го замотал со пипалата и сакал да го изеде

Рускиот нуркач, Мајк Гамов, бил нападнат од голем октопод, додека ги истражувал длабочините на Јапонското Море.

Октоподот почнал околу него да ги замотува пипалата, а на крајот сакал и да го гризне.

Гамов едвај успеал да се ослободи, па октоподот се откажал и продолжил да плива во длабочините и да бара друга храна.

Октоподите обично бегаат од луѓето и живеат во постудените крајбрежни води на Калифорнија, Орегон, Алјаска, Русија, Јапонија и Корејскиот полуостров. 

Translate »