Зошто Полска е меѓу 10-те најголеми економии во Европа?
Полска е земјата која ја нарекуваат нова Германија.
Денес Полска е меѓу 10-те најголеми економии во Европа, благодарение на моќниот приватен сектор. Пазарните реформи го довеле приватниот сектор во доминантна положба и тој сега има 80-процентен удел во извозот и вработувањето.
Полската економија и пред кризата во 2008. година била една од најбрзо растечките, со просечен раст од 4,6 проценти. Кризата не ги сопрела Полјаците, биле единствена земја во ЕУ која избегнала рецесија и имала просечен раст од околу 3 проценти. Земјата која со децении стагнирала, сега е на пат да стане нов мотор на Европа.
Во врвот од глобалната рецесија, во 2009. година економијата на ЕУ паднала за 4,5 проценти, додека во Полска растела за 1,6 проценти. Кон крајот на 2013. година ЕУ се вратила на преткризното ниво, додека полската економија во тој период кумулативно пораснала 16 проценти.
Државно контролираната економија ја заменила пазарната и Полска од тогаш го дуплирала реалниот БДП, а од 1992. има постојан раст кој не е прекинат ни во последната глобална криза, кога и најмоќните светски економии потонале во рецесија, па денес оваа држава многумина ја гледаат како “нова Германија”, иден двигател на европската економија.
Таа транзиција, како и во другите слични земји, не одела лесно и безболно, затоа што преминувањето на пазарна економија и конкуренција покажало дека дел од компаниите и некои цели сектори се неодржливи. Но, многу брзо, по само неколку години, по промената на начинот на функционирање на економијата и приватизации, започнал незапирливиот раст кој трае.
преземено од Фактор.мк