Поезија од Витан Божиновски: За душата, за гневот….
Душата спокојство да нема
Замислата е…
Омразата во светот насекаде да царува,
мислата да биде неповратно изгубена,
мечтата никогаш да не остварува,
слободата да чмае,
засекогаш заробена.
Да се мразат рисјаните и муслиманите,
кодошат левите и десните;
хиндуистите и будистите настрвени да се,
од срце да се гнасаткомунистите и капиталистите.
Белите и црните меѓусебно да се убиваат,
црвените и жолтите истребени и угнетени;старите и младите потајно да се презираат,
мажите и жените закрвени, заслепени.
Поделбата да биде сеприсутна,
неслогата да испарува од секоја друштвена пора,
гневот да ја разгорува ревноста,
недовербата да има плодна почва и потпора.
Тајноста да биде преграбена,
сомнежот да ужива поткрепа зад сцена,
неискреноста да владее со духовноста,
душата спокојство да нема.
Витан К. Божиновски e роден во Скопје, Македонија
Архитект по професија, поет по душа, љубител на театарот, опера и се што е поврзано со уметноста.
Живее и работи во Виена, Австрија
Oсновач на архитектонската канцеларија: ,”618 култура на просторот”