Полицијата се поблиску до убиецот

Нови моменти во истрагата за  убиството на  47 годишната Карен Ристевски од Австралија.

Ристевски, на 29 јуни минатата година излегла од својот дом во Мелбурн по кавгата со сопругот Борис Ристевски, и оттогаш и се губи секоја трага.Шест месеци подоцна, нејзиното распаднато тело било пронајдено во дупка мегу две дрва во регионалниот парк ,,Маседон’’.

Полицијата случајот го истражува како убиство, а еден од осомничените е сопругот кој тврди дека е невин.

Борис Ристевски-сопруг на жртвата

 

Сопругот на погребот 
Среќни денови-Карен со семејството

Семејството било до гуша во финасиски проблеми, со долг од над 600 000 долари, а бизнисот со женска облека им пропаѓал. Тоа била и причина за караницата мегу сопружниците, дента кога Карен исчезнала.

Местото каде е пронајдено телото на жртвата
Ќерката во жалост

Полицијата сега е фокусирана на мерцедесот-купе во сопственост на Борис. Автомобил од оваа марка е снимен од надзорна камера во близина на паркот каде е пронајден трупот на жената, истиот ден кога исчезнала. Весникот „Хералд Сан“ открива дека братотот на Борис, Васко Ристевски поседува ранч за одгледување коњи, 20 километри до местото на убиството, а соседите сведочат дека често го гледале како шета во околината .

 

Мерцедесот фатен од надзорните камери

Борис во Австралија дошол од Македонија, а почнал како таксист на компанијата Убер. Тој и Керин имаат 20 годишна ќерка.

 

Translate »