ВМРО-ДПМНЕ -Не ги криеме Грујевски и Бошковски
ВМРО-ДПМНЕ ги негираше гласините дека Горан Грујевски и Никола Бошковски, за кои е изречена мерка притвор, би можело да се кријат во седиштето на партијата.
Во одговор за медиумите, Орце Глигоровски од ВМРО-ДПМНЕ, рече дека веќе 4-5 часа е во просториите на партијата и оти не ги видел ниту Грујевски ниту Бошковски.
По вчерашното потврдувње од Врховниот суд на одлуката за притвор, во траење од 30 дена, неофицијални информации говорат дека полицијата во нивните домови не ги пронашла ниту едниот ниту другиот.
Двајцата се осомничени во предметите на СЈО „Таргет“ и „Тврдина“, кои се однесуваат на незаконското следење на комуникациите на илјадници граѓани преку злоупотреба на системите за следење во МВР и за физичко уништување на дел од опремата со која било сторено кривичното дело.