Заигра метлата-Разрешени потпретседателите на СДСМ и Извршниот одбор

На вечерашнава седница на Централниот одбор поднесуваат оставки сите потпретседатели на СДСМ Фросина Ременски, Дамјан Манчевски, Оливер Спасовски, Мухамед Зекири, Благој Бочварски и Петре Шилегов. Според неофицијaлните информации разрешени се и членовите на Извршиот одбор, претседателот на Форумот на жени, Цветанка Лакова и организацискиот секретар.

Дали вечерва ќе биде познато и кои министри и заменик-министри од СДСМ ќе заминат од владата засега нема информација.

По завршувањето на седницата изјава се очекува да даде претседателот на партијата Зоран Заев.

Translate »