Франција го врати полицискиот час
Во Франција повторно е на сила полициски час, откако земјата го надмина прагот на 70.000 смртни случаи поради Ковид-19 од почетокот на пандемијата, соопштија здравствените власти.
Вкупно 70.142 лица починаа како резултат на болеста, од нив 196 во последните 24 часа, се вели во дневниот извештај на националната агенција.
Бројот на новозаразени е сè уште висок со 21.406 случаи во последните 24 часа, слично како и во последните денови.
Полицискиот час повторно почна вчера од 18 до 6 часот наутро во обид да се спречи зголемувањето на бројот на заразени со вирусот.
Министерството за здравство објави нови податоци за бројот на вакцинирани, 413.046, во саботата, за разлика од 389.000 во петокот, пренесе „Ројтерс“.