Соседите се вооружуваат: Оваа држава подготвила 570 милиони долари за нови бродови, се разгледуваат понуди на тендери

Италијански “Финкантијери”, германски “Луерсен” и бугарски “МТГ Долфин” доставиле понуди за тендер од 570 милиони долари за изградба на два патролни бродови за бугарската морнарица.

Бугарија сака да ги замени своите три застарени бродови од советска изработка со нови бродови и да се усклади со стандардите на НАТО. 

Понудите ќе бидат отворени до 22-ри април, навело министерството за одбрана во соопштението.

По проценките кои ќе ги направи специјална работна група, министерот за одбрана ќе пред владата ќе го прикаже победникот на тендерот.

Бугарија го зголемила буџетот за нови бродови за 20 проценти минатата година по претходниот тендер, каде само “МТГ Долфин” изнел понуда која пропаднала поради финансиските услови.

Translate »