Фишек- пица, вкусен појадок

 Фишек пица е неверојатно уживање во богатиот пица вкус.

Еве го рецептот:

СОСТОЈКИ:

  • 400 гр брашно
  • 2,5 дл вода и млеко (половина вода, половина млеко)
  • 1 лажица сув квасец
  • 1 лажичка шеќер
  • 1/2 лажичка сол
  • 2 лажици масло

СОСТОЈКИ ЗА ФИЛ:

  • 100 гр шунка
  • 100 гр кашкавал
  • кечап
  • оригано

НАЧИН НА ПОДГОТОВКА:

  1. Се загреваат водата и млекото, па се додава квасецот со шеќерот и се остава да нарасне.
  2. Од брашното се одвојуваат две лажици и се оставаат настрана.
  3. Во вангла за месење се става брашното, па стасаниот квасец, се додава солта и маслото и се меси тесто.
  4. Се покрива со крпа и се остава да нарасне околу 30 минути, а потоа се премесува со останатите две лажици брашно.
  5. Формирајте топчиња. Ќе излезат околу 8-10 од оваа смеса.
  6. Секое топче малку се размесува, се премачкува со кечап, се става од ориганото, шунката и кашкавалот, па се замотува како фишек.
  7. Се ставаат во плех со хартија и се печат во загреана рерна на 250 степени околу 20-30 минути.
Translate »