Дојранска рибина чорба!

loading...

Потребни состојки:  околу 500 гр. месо од сом и крап, 2 јајца, 1 морков, 1,5 л. вода, 1 лимон, 3 лажици брашно, малку маслиново масло, 1 китка магдонос, сол и бибер по вкус.

Постапка:

Месото од риба се чисти од коските, се зачинува со сол и се вари околу 20 минути.

Во тенџере со загреано маслиново масло се пропржува ситно сечкан морков околу 2-3 минути.

Потоа се додава околу 1,5 л. вода за да проврие заедно со морковот.

За тоа време ситно се сечка магдоносот и се цеди 1 лимон.

 Откако ќе проврие водата се додава сечкано месо од сом и крап, сечкан магдонос и се зачинува со сол и бибер по вкус.

 Во друг сад се матат 2 јајца и се додава сок од лимон.

 Во смесата од матени јајца и сок од лимон се додава течност од тенџерето со постојано мешање.

  Добиената смеса се додава во тенџерето со постојано мешање.

  Во тава со загреано маслиново масло се подготвува бела запршка со 3 лажици брашно.

  Запршката се додава во тавата и чорбата дополнително се крчка околу 15 минути.

А ако сакате да сте сигурни дека ќе јадете одлична рибна чорба, тогаш дојдете во Ресторан НОТА.

OLYMPUS DIGITAL CAMERA
Translate »