Пет освежителни летни салати
Летото е на прагот, а со растењето на температурите, сите сакаме да се освежиме.
Во овој период треба да почнете да јадете повеќе свежа и сирова храна, и тоа од две причини.
Првата е за да го намалите времето поминато во кујна, каде ќе создавате уште поголема топлина во домот со пржење, варење и печење на храната. На овој начин ќе го намалите загревањето во домот.
Втората е за да внесувате полесни, а сепак вкусни и хранливи оброци што ќе ви даваат доволно витамини, минерали и електролити за да го одржувате телото хидрирано, освежено и да не го оптоварувате со варење тешка храна од која ќе ви биде уште пожешко.
И секако, нели би сакале да ги искористите сите сезонски плодови додека ги има свежи? Искористете ги рецептите што ги предлага тимот на Tasty и уживајте во вкусовите на летото.