Глечерите забрзано се топат, научниците ја откриле поразителната судбина на планетата!
Глечерите на Земјата се топат поради глобалното затоплување многу побрзо од тоа што мислеле научниците, се наведува во најновото истражување.
Глечерите секоја година губат 369 милијарди тони снег и мраз, што е речиси половина од територијата на Северна Америка.
Директорот на светскиот центар за контрола на глечерите (World Glacier Monitoring Service) од Универзитетот во Цирих, Михаел Кемп, изјавил дека новото истражување до сега е најопширно известување за глечерите.
Според тоа истражување објавено во најновиот број на “Nature”, се наведува дека глечерите до 2013-та година изгубиле околу 13 проценти од вкупната маса.
Глечерите се топат пет пат повеќе од во 60-тите години, се наведува во истражувањето и се додава дека глобалното затоплување на планетата влијае на зголемувањето на нивото на морето поради топењето на мразот.
Меѓутоа, и покрај тоа, топењето на глечерите може да ги дестаблизира и планинските гребени, а на одредени места на планетата, како на пример во перуанските Анди, глечерите се важен извор на вода и домаќинствата зависат од нив во сушните сезони.
Споредувајќи ја брзината и степенот на топењето со преостанатиот волумен на мразот, научниците дошле до поразителен заклучок дека глечерите во некои региони како европските Алпи, Нов Зеланд и западна Канада ќе исчезнат овој век.