Протести пред Собранието:Никогаш Северна, секогаш Македонија!
Во атмосфера на засилено полициско обезбедување пред Собранието се одржува протестот против договорот со Грција. Протестот е организиран од „Млади за Македонија“, а поддржан е од повеќе други граѓански организации и навивачката група „Комити“.
Протестот започна со химна , патриотски песни и македонски знамиња.
Учесниците на протестот носат транспаренти „Никогаш Северна, секогаш Македонија“ и повикуваат да се зачува уставното име.
Навивачката група „Комити“ се приклучи на протестот со запалени факели .