Повик до македонските работници -Дневница од 30 евра за работа во Црна Гора

 

Црногорската државна компанија  „13. jул – Плантаже“, е една од најголемите и најважни произведувачи на грозје и вино во Југоситочна Европа, бара сезонски работници и нуди заработка и до 30 евра на ден. За работа на овие плантажи , на компанијата ѝ се потрби 800 работници, кои Црна Гора ги нема.

Во моментов на плантажите се берат праски, но вистинската работа допрва доаѓа. Во наредните месеци , компанијата ќе вработи околу 800 работници, воглавно од регионот. Работниците ќе бидат ангажирани за берење, и зависно од сработеното можат да заработат и до 30 евра дневно, со обезбедена храна и сместување, пренесува Анадолија.

” Проблемот со работната сила е се поголем последниве години. Порано имавме многу повеќе работници, но сега поради недостиг на работната рака, почнавме да воведуваме механизација. За главnата акција, во август, берењето на винското горзје, потребни ни се 800 работници. Ние, во Црна Гора, немаме толку работна сила. Одзивот за работа овде е многу лош. Се  пријавуваат само 5-10 проценти од домашните работници. Повеќето одат на крајбрежејето кадешто има полесна работа, иако и овде може солидно да се заработи. На пример, за собрани 1 000 кг винско грозје, се заработува 20 евра. Просекот се движи меѓу 700-800 кг за стоно грозје , за една гајба која тежи 7,3 кг се заработува 0,40 евра. Добар берач може да набере од 60-120 гајби. Во секој случај, просекот на заработка во Ќемовско поле се движи од 15 до 30 евра дневно ” вели директорот Канкараш.

”Oва е директен повик до работниците од Србија,Македонија, БИХ,. Обезбедени им се и превоз, спиење и два оброка дневно”,вели директорот.

Translate »