Уште едно потресно сведоштво за злоставување, девојките се охрабруваат (ВИДЕО)

Уште една девојка инспирирана од последните случувања, одлучи да ја сподели својата приказна.

Нејзината е повторно за злоупотреба, но од познато лице и во приватен простор.

Но, исто како и Ана, и оваа девојка испрати порака дека се надева на заштита и безбедност, која досега ја немало, со оглед на тоа како што вели, пријавата би можела да донесе до поголемо злодело.

Погледнете го нејзиното сведоштво во продолжение:

https://www.instagram.com/tv/CKkE15Xn2_b/?utm_source=ig_embed

5 пати се предомислив дали да го споделам видеово или не, ова ми кажува дека дефинитивно треба да го направам тоа. Без разлика за каков случај на сексуално малтретирање се работи, чувствата на срам и себе-обвинување се речиси секогаш присутни. Дали се случило физички или виртуелно како во случајов со Јавна соба, траумата е сериозна и може да трае цел живот. Загрижувачки е во каква средина живееме, јас лично не можам да направам многу, но со ова видео сакам да го дадам мојот скромен допринос кон кршење на оваа табу тема. #НеСиСама


Translate »