Словенија ја поддржува Македонија на патот кон ЕУ и НАТО

Словенија  безусловно ќе ја поддржи Македонија во нејзините евроинтегративни процеси. Ова е пораката која ја испрати Милан Брглез, словенечкиот претседателот на законодавниот дом,  по средбата со македонскиот колега , Талат Џафери.

Во своето обраќање  пред пратениците,  Брглез појасни дека клучен фактор за успорениот евроинтегративен процес на земјите, меѓу кои и Македонија,  е неусогласеноста помеѓу истокот и западот, но и потенцираше дека земјата мора да остане посветена на тој пат.

Годинава се одбележуваат 25 години од дипломатските односи меѓу двете земји.

Translate »