Зошто сум сиромашен, а имам памет и талент? Еве го одговорот на економските експерти!
Италијанските економисти го открија одговорот на оваа дилема, која речиси сите не мачи. Тие велат дека богатсвото не е прашање на памет и талент туку на среќа.
82 % од сите богатство во светот е сконцентрирано во рацете на одвај 1 процент од населението на планетава, покажуваат податоците на мегународната организација Оксфам и швајцарската банка Кредит Суис. Италијанските експерти кои ја анализираа структурата на приходите, утврдија дека најбогатите луѓе не се и најталентираните, туку едноставно се ксметлии.
Тие ги следеле и 40 годишните карирери на своите испитаници и откриле дека најуспешни биле оние на кои судбината им дала најмногу шанси, а најсиромашни оние кои немале среќни прилики.
Најголемиот дел од светското богатство лежи во рацете на само 42 мултимилијардери. Нивното богатство е еквивалентно со средствата со кои располагаат останатите 3,7 милијарди најсиромашни граѓани на планетава. Експерите укажуваат дека ваквата структура на долги патеки ќе биде погубна за светската економија
Пред Втората светска војна данокот на најбогатите граѓани во САД изнесувал 94 отсто од сите даночни обврзници , а сега е под 40 проценти.
Најголемото економско раслојување по 1980 година е регистрирано во САД, Кина и Индија, а поумерено во Европа.