Меланија “блесна” во неколку комбинации
Последниве неколку дена тие се забележани неколкупати, а секако, Меланија Трамп не нè разочара на ниту едно нејзино појавување и блескаше во секоја комбинација.
Викендов, претседателот на САД и првата дама, беа забележани како излегуваат од нивниот авион кога пристигнаа во Флорида, заедно со синот Барон.
Меланија беше облечена во лежерна комбинација – тесни фармерки со темна блуза и впечатлив црвен капут од кашмир и црвена чанта.
Тие викендот го поминаа во ресортот Мар-а-Лаго, каде го проследија 52-ти издание на Super Bowl,
a на забавата по тој повод, во неговиот Голф клуб, беа придружени од мажоретки и оркестар.
За нивниот дочек и настанот, Меланија се одлучила за тесни бели панталони и палто во сино, црвена и бела боја, секако комбинирано со високи штикли.
Меланија каде и да се појави, никогаш не разочарува со модниот избор, па така и на последното појавување во Охајо со Доналд, каде беше облечена во кафено кожено здолниште, жолта ролка и жолт капут кој не остана незабележан.
Претходно, Меланија и Доналд беа фотографирани на аеродром со синот Барон. Меланија носеше сино-црвена комбинација со палто од Maison Ullens и чанта од Gucci.