Што е заедничко за “Жикина династија”, “Сенки над Балканот” и Цеца?

loading...

“Жикина династија” е серија од минатиот век која  направи бум, а и денес е една од наомилените во бившите ни простори,  “Сенки над Балканот” е новиот  серијал во продукција на РТС,  кој ги собори сите рекорди на гледаност, а  Цеца е една од најголемите турб-фолк ѕвезди на Балканот. Се прашувате што би можело да им биде заедничко?
Ги поврзува куќата!

 

 

 

 

 

 

 

Во истата куќа Цеца го сними нејзиниот голем хит “Кукавица”, а во “Жикина династија ” тоа е дом на  Милан Тодоровиќ, таткото на Марија  и пријателот на Жика.

Истата куќа се користеше и како дом на државниот обвинител од  “Сенки над Балканот”, кој го играше  Милош Тимотевиќ.

Легендарната куќа  меѓу филмските работници е позната и како куќа на Катинка и се наоѓа во Белград, Дедиње.

Филмската кариера  на оваа убава куќа започнува сосема случајно, откако на една филмска екипа побарала  од сопственичката Катинка да им даде дозвола за снимање.

Куќата одговарала поради големиот двор во кој бил сместен филмскиот тим, одвоеноста од другите соседи и фактот дека се наоѓа релативно блиску до центарот на градот.

 

Translate »