Цонка Гроздановска: Акните и флеките на вашето лице може да бидат минато
Цонка Гроздановска 20 години работи во козметичката дејност, грижејќи се за негата и убавината на урбаните жени. Соработува со самосвесни жени кои се грижат за својот изглед. Водејќи се од потребата да понуди нешто ново на македонскиот пазар, таа вложи во сопствената едукација, и од неодамна е сертифицирана за изведување на козметички третмани со напредната технологија на апаратот Јет Peеl. Станува збор за иновативен апарат, единствен од тој тип во нашата земја, одобрен од универзитетот во Лајпциг , со кој се отстрануваат акни и флеки од лицето, а истовремено можат да се спроведуваат и ефикасни третмани за подмладување.
Зошто овој апарат е подобар од другата технологија која се користи во козметичката индустрија?
Прво со користењето на Јет Peеl, без скалпел и без инекции може да изгледате помладо, второ, може трајно да отстраните акни и флеки без стискање на кожата, да направите лимфна дренажа, затворање на порите, длабински хемиски пилинг и тонус на лицето, и потоа што е и најважно без непосакувани ефекти на вашата кожа. Третманите се безболни, интензивни и ефикасни, изведени крајно професионално од вработените во салонот Alessandro Makedonija, кој се наоѓа на ул. ОрцеНиколовбр. 186 во близина на салонот за автомобили “Ми-ДаMоторс” во населбата Карпош .
Колку третмани се потребни за кожата да биде во нормала состојба?
Зависи колку е оштетена кожата за некоја кожа потребни се 5 третмани а некаде ќе треба повеќе пати да се интервенира, а некаде само еднаш ?
Како може кожата да изгледа помладо без хемиски помагала кои се вбризгуваат во кожата?
Се работи со ракетна технологија на насочен млаз, кој е патентиран. Станува збор за микрокапки кои во вид на спреј се вбризгуваат под кожата. Капките се нанесуваат со неверојатна брзина од 720 километри на час и навлегуваат длабоко под кожата 4-5 милиметри. Третманите се нежни и безболни, а во исто време и интензивни. Со однапред подготвени протоколи, се работи со посебни ампули изработени во стерилни лаборатории во Израел и во Лондон.
Козметичкиот салон Alessandro e препознатлив и по медицинскиот педикир и маникир може ли да ни кажете нешто повеќе за ова што е разликата помеѓу обичниот и медицинскиот третман?
Рзаликата меѓу медицинскиот и природниот гел за нокти е во тоа што со медицинскиот третман не се оштетуваат ноктите. Исто така со медицинскиот третман се лекуваат и се отстрануваат сите болести на стапалата, На пример имаме муштерии кои доаѓаат да лекуваат брадавици и разни други инфекции . Инаку сите препарати во “Alessandro” не содржат хемија, подговени се со природни состојки.