Интервју со Ан-Мари ван Геловен од центарот за иновации на Еуцерин
Хијалуронска киселина во нега на кожата против стареење – вечен фаворит
Луѓето живеат подолго од кога било. И сите ние сакаме да изгледаме и да се чувствуваме добро за нашата возраст. Не е ни чудо што пазарот на производи за подмладувачка нега на кожата напредуваше во последниве години. Постои една конкретна активна состојка за која сите зборуваат – хијалуронска киселина – сопствена состојка против стареење на кожата што ја исполнува и ги елиминира фините линии и брчки.
Многумина од нас знаат дека дерматолозите инјектираат хијалуронска киселина за да ги намалат брчките, да ја подигнат кожата, да го зголемат нејзиниот волумен и еластичност. Eucerin® беше првиот дермокозметички бренд кој успешно ја воведе хијалуронската киселина во формулите за нега против стареење на кожата. Брендот проценува дека хијалуронската киселина не е само уште една активна состојка, туку дека тоа е сопствениот механизам на кожата за пополнување. Ова го направи Eucerin ® водечки експерт во подмладувачката нега на кожата.
Денес оваа активна состојка е вклучена во широк спектар на производи за нега на кожата против стареење. Но, што всушност знаеме за хијалуронската киселина? Како таа учествува во нашата секојдневна нега на кожата и како ни помага да се чувствуваме добро во нашата кожа? Ан-Мари ван Геловен, меѓународен виш менаџер за медицина и иновации во Баерсдорф, сподели детали за способноста на нашата кожа да изгледа млада и за ефектот на хијалуронската киселина. „Сѐ е прашање на комбинација на активни состојки. Најновата генерација на Hyaluron-Filler има троен ефект благодарение на високо- и нискомолекуларната хијалуронска киселина, сапонините и новиот – еноксолон. Целта е да се зголеми количината на хијалуронската киселина во неколку слоеви на кожата, за поголема ефикасност против брчки. Ова е најдобрата дерматолошка нега на кожа којашто може да го промени животот на луѓето “, открива таа.
Ан-Мари ван Геловен – Меѓународен виш менаџер за медицина и иновации во Баерсдорф
Хијалуронска киселина – сопствената подмладувачка состојка на кожата
Г-ѓо Ван Геловен, хијалуронската киселина е добро позната по нејзиниот подмладувачки ефект. Со што е таа толку посебна?
Од откривањето, хијалуронската киселина е многу популарна состојка во производите за нега на кожа. Тоа е супстанција која природно се создава во кожата, делува како пополнувачка и хидрирачка компонента, давајќи целосен и подигнат изглед на кожата – моќен агенс против стареење. Се содржи истовремено во епидермисот – најгорниот слој на кожата и во дермисот – средниот слој на кожата. Има способност да привлече и да задржи вода на многу ефикасен начин. Може да задржи помеѓу 1.000 и 10.000 пати поголем волумен од нејзиниот, во форма на вода.
Но, тогаш не ни требаат филери и креми за да додадеме хијалуронска киселина на нашата кожа, нели?
За жал, хијалуронската киселина останува во нашето тело кратко време – од неколку часа до еден ден. Се распаѓа на два различни начини – под влијание на слободните радикали и под влијание на ензимот наречен хијалуронидаза. Покрај тоа, способноста на нашата кожа да ги надополни своите резерви на хијалуронска киселина почнува да опаѓа на возраст од околу 20 години и уште повеќе слабее со текот на времето. Губењето на хијалуронска киселина се јавува истовремено и во епидермисот и во дермисот. Тоа се гледа како губење на хидратација и појава на фини линии и брчки. За да се избегне дегенерација на кожата на рана возраст, препорачливо е да започнете на време со поддршка на производството на сопствена хијалуронска киселина и заштита на кожата од нејзино губење.
Хијалуронската киселина овозможува сопствена заштита на кожата од предвремено стареење. Како кожата произведува хијалуронска киселина?
Постојат два вида на кожни клетки во телото кои произведуваат хијалуронска киселина. Најважни се дермалните фибробласти и до одреден степен епидермалните кератиноцити. Фибробластите се тип на клетки чија главна функција е да го одржуваат структурниот интегритет на сврзното ткиво, додека кератиноцитите се главниот тип на клетки во епидермисот. Една ин витро студија ја докажува способноста на нашата формула да стимулира за 200% поголемо производство на хијалуронска киселина во двата типа на клетки. Во нашата кожа има молекули на хијалуронска киселина со многу различни големини. Големите молекули имаат најголема способност да привлечат и задржат вода, правејќи ја кожата да изгледа полна, мазна, хидрирана и еластична. Присуството на голем број мали молекули е знак за зголемена деградација на хијалуронска киселина.
А зошто се разградува хијалуронската киселина – може ли да ни објасните?
Важно е да се разбере дека процесот на деградација се случува на два начина – физичка деградација без ензими, предизвикана од слободните радикали и ензимско биоразградување – под влијание на ензимот наречен хијалуронидаза (често скратено како HYAL). Идентификувани се шест различни ензими од типот на хијалуронидаза, од кои HYAL1 е најактивен во кожата. HYAL1 ги разложува молекулите на високомолекуларната хијалуронска киселина во кожата на молекули на хијалуронска киселина со помали димензии, кои се елиминираат побрзо. Слободните радикали, предизвикани главно од сонцето и загадувањето, ја стимулираат активноста на HYAL1.
Што можеме да направиме за да го спречиме тој процес?
Ако сакаме да го забавиме распаѓањето на хијалуронската киселина, мора да ја спречиме и неутрализираме деструктивната улога на слободните радикали и истовремено да го потиснеме дејството на ензимот HYAL1.
Најхолистичкиот пристап за одржување рамнотежа на содржината на хијалуронска киселина во епидермисот и дермисот е да ги стимулираме фибробластите и кератиноцитите да произведуваат повеќе хијалуронска киселина и истовремено да го спречиме распаѓањето на биолошката хијалуронска киселина со помош на антиоксиданси и инхибитори на HYAL1.
Поради оваа причина, го подобривме концептот на формулата Eucerin® Hyaluron-Filler. Новата генерација на Eucerin® Hyaluron-Filler ги комбинира сите овие ефекти за да се избегне губење на хијалуронската киселина и да се спречат или намалат првите и највидливите знаци на стареење – губење на хидратација и формирање на фини линии и брчки. Тука хијалуронската киселина е повеќе од состојка – тоа е концептот на самиот организам за пополнување на епидермисот и дермисот.
Со новиот концепт на формулата, производите за нега против стареење сега ја стимулираат природната способност на кожата да произведува за 200%1 повеќе хијалуронска киселина и го намалуваат ензимскиот распад на природно произведената хијалуронска киселина за повеќе од 50%2. Ова го нарекуваме троен ефект: полнење, стимулирање, заштита.
Ефектот се темели на уникатната комбинација од состојки: последна генерација Eucerin® Hyaluron-Filler
Линијата Eucerin® Hyaluron-Filler е добро позната на дерматолозите и на корисниците. Зошто решивте да ја обновите?
Ние во Eucerin® правиме континуирано истражување за потребите на луѓето и истражуваме нови формули кои ќе ни овозможат да ги задоволиме нивните потреби. Темата – борба против стареење, е важна за начинот на живот и емоционалната состојба на огромното мнозинство жени и мажи од сите возрасти. Загриженоста за стареењето на кожата започнува рано, уште во дваесеттите години. На пример, една неодамнешна статија во Вашингтон пост забележа дека луѓето на возраст меѓу 20 и 39 години биле корисници на 20% од процедурите со ботулинов токсин во 2019 година. 3 Секое функционално и естетско подобрување што го постигнуваме им помага на луѓето да го подобрат нивниот квалитет на живот. Кога нашите научници ни покажаа дека можеме дополнително да ја зголемиме ефикасноста на производите, решивме да ја обновиме линијата.
Какви задачи исполнува новата формула во производите Eucerin® Hyaluron-Filler?
Накратко, формулата ја полни кожата со хијалуронска киселина и така ја хидрира и ги пополнува брчките, го стимулира сопственото производство на хијалуронска киселина со антиоксидантот глицин-сапонин зголемувајќи го нивото на 256%4 и штити со новата активна состојка еноксолон, којашто го намалува распаѓањето на хијалуронската киселина со 50%2.
Како точно делува?
Делува на неколку нивоа, од една страна ги надополнува резервите на хијалуронска киселина, а од друга страна ја стимулира кожата да произведува хијалуронска киселина. Овој холистички пристап е многу ефикасен за да се одржат сопствените залихи на хијалуронска киселина и во епидермисот и во дермисот. За да се постигне ова, формулата користи два вида на хијалуронска киселина – високомолекуларна за да го пополни и хидрира горниот слој на кожата и хијалуронска киселина со мала молекуларна тежина која навлегува длабоко и да ги стимулира кератиноцитите, кои исто така го поддржуваат производството на хијалуронска киселина. Овој процес е потпомогнат со дополнителни состојки како што е антиоксидантот глицин-сапонин, што дополнително ги стимулира фибробластите на кожата да произведуваат хијалуронска киселина. Фибробластите се главна цел на негата против стареење и регенеративната нега на кожата. Покрај тоа, новиот еноксолон го намалува ензимското разградување. Овој пристап во нега на кожата исполнува, стимулира и штити. Како резултат на оваа уникатна комбинација, Eucerin® Hyaluron-Filler не само што ја надополнува содржината на хијалуронска киселина, туку и го стимулира сопственото производство на кожата на хијалуронска киселина за повеќе од 200%1,4 и го намалува нејзиното разградување за повеќе од 50%2.
Значи, производите се потпираат на комбинација на активни состојки за да бидат ефикасни. Како тие се надополнуваат? Ве молиме кажете ни за овие активни состојки и нивните функции подетално.
Комбинацијата на хијалуронска киселина, глицин-сапонин и еноксолон ги стимулира фибробластите и кератиноцитите да произведуваат хијалуронска киселина и ја штити од дегенерација со помош на антиоксиданси и инхибитори на HYAL1. Молекулите на хијалуронска киселина со мала молекуларна тежина се 40 пати помали од молекулите со висока молекуларна тежина, што им овозможува да навлезат исклучително длабоко во метаболички активниот слој на епидермисот1.
Покрај тоа, глицин-сапонин го поддржува производството на колаген и ја зголемува неговата концентрација за 49%4. Во ин витро студиите, се покажа дека глицин-сапонин штити од оксидативен стрес со ефикасно елиминирање на реактивните видови на кислород5.
Формулата сега е поефикасна од кога и да е: со додавање на активната состојка еноксолон производите добија дополнително заштитно дејство. Еноксолон добиен од коренот на растението сладунец, го инхибира распаѓањето на хијалуронската киселина под дејство на ензимот хијалуронидаза за повеќе од 50%2.
Освен што ги надополнуваат компонентите што ја задржуваат влагата во кожата и таа е добро хидрирана, производите ја поддржуваат биолошката способност на кожата да произведува повеќе такви компоненти. Така, нивната ефикасност во намалувањето на фините линии и уште подлабоките брчки е подобра од кога било.
Eucerin® Hyalruon-Filler – докажана карта за успех
Во ред, но сѐ што е кажано досега звучи теоретски. Што ако почнам да ги користам производите денес? Какви видливи ефекти можам да очекувам од редовна употреба на Eucerin® Hyaluron-Filler?
Новата генерација Eucerin® Hyaluron-Filler покажува способност да ги намали првите и највидливи знаци на стареење како што се загубата на влага, фините линии и брчки. Со редовна употреба, 99% од учесниците во студијата изјавуваат дека нивните брчки се пополнети – дури и оние најдлабоките. 6 Значи, можете да очекувате дека производите ќе ви помогнат во борбата против процесот на стареење и ќе ви овозможат видно помлад изглед, помазна и сјајна кожа. Покрај тоа, клиничките и дерматолошките студии покажаа многу добра толеранција од страна на кожата, дури и од чувствителната кожа. Производите се некомедогени, што значи дека не ги затвораат порите и не предизвикуваат појава на акни.
Разбирам дека има многу истражувања зад производите на Eucerin® Hyaluron-Filler. Можете ли да ни кажете за истражувањето преку кое дојдовте до вашите тврдења за ефикасноста на овие производи?
Тврдењата за ефикасноста се поткрепени со екстремно интензивни ин витро и ин виво студии. Вкупно беа спроведени повеќе од 35 студии во кои беа направени повеќе од 1.500 клинички мерења. Повеќе од 1.400 волонтери со сите типови на кожа учествуваа во студиите „Производ во употреба“ и беа користени различни методи за да се докаже намалувањето на брчките. Ин витро студиите покажаа повеќе од 200% зголемување на дермалната и епидермалната хијалуронска киселина и повеќе од 50% намалување на нејзината деградација2,5. По четири недели употреба, 99% од учесниците потврдија дека брчките се видливо намалени, а 98% потврдија дека производите се спротивставуваат на процесот на стареење. 97% изјавиле дека користеле Eucerin® Hyaluron-Filler дневен крем за да се чувствуваат помлади. Дури и по само две недели користење, 90% потврдиле дека нивната кожа изгледа видно помлада. 6
Слични резултати во студиите беа пријавени и за Eucerin® Hyaluron-Filler Серумот, кој е погоден за секоја кожа, вкл. и за деликатните области околу очите и усните. Тука, по четири недели употреба, 99% од волонтерите потврдија дека фините линии и брчки се видливо намалени и дека производите го спречуваат процесот на стареење, 96% велат дека користењето на дневниот крем Eucerin® Hyaluron -Filler ги прави да се чувствуваат помладо. Повторно, по само две недели употреба, 89% потврдија дека нивната кожа изгледа видно помлада6
Комбинираjте ги производите Eucerin® Hyalruon-Filler за уште подобра заштита и ефикасност
Има многу различни производи во линијата Eucerin® Hyaluron-Filler. Колку често треба да ги употребувам? Можам ли да ги комбинирам?
Сите тие се погодни за секојдневна употреба. Линијата вклучува формули за дневна и ноќна нега и специјални решенија за деликатните области на кожата. Доколку сте изложени на сонце, препораката за вас е Eucerin® Hyaluron-Filler Дневен крем со SPF30. Всушност, употребата на различни производи во комбинација ја зголемува ефикасноста. На пример, примената на Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер пред дневните креми со или без SPF30 значајно го подобрува ефектот против стареење. 8
Може ли да го објасните тоа подетално?
Она што многу луѓе не го знаат е дека слободните радикали предизвикани од високоенергетската видлива светлина (HEVIS) не се неутрализираат со конвенционалните антиоксиданти. Овие слободни радикали ги оштетуваат компонентите на кожата, вкл. и хијалуронската киселина, колагенот, еластинот, како и дермалните фибробласти.
За поефикасно да се спротивставите на штетата предизвикана од слободните радикали, препорачувам да комбинирате производи за нега против стареење. Секојдневната примена на нашиот Eucerin® Hyaluron-Filler Витамин Ц Бустер наутро, пред дневниот крем и крем со заштитен фактор од сонце, дополнително помага во ефикасноста. Содржи свежо активирана 10% аскорбинска киселина која е најефикасната форма на витамин Ц, плус Licohalcone A којшто ги неутрализира слободните радикали предизвикани од ХЕВИС и докажано ги штити фибробластите.
Ги споменав епидермалните кератиноцити. Тие се главните клетки во епидермисот кои формираат пет различни слоеви. Кератиноцитите се подложни на промени и стареење – тоа е процес кој трае 28 дена кај млада, здрава кожа. Како што старееме, процесот постепено станува подолг, но последниот чекор во процесот на регенерација, наречен десквамација или ексфолијација на кожата, се забавува. Ова доведува до перутање, чувство на погруб површински слој на кожата, без сјај. Знаеме дека употребата на Eucerin® Hyaluron-Filler Ноќен пилинг и серум, пред нанесување на ноќниот крем, помага во регенерација и десквамација на кожата. Серумот содржи 9% алфа-хидрокси киселини (АХА), многу од нив се познати како овошни киселини. Комплексот што се користи во Eucerin® Hyaluron -Filler Ноќен пилинг и серум, комбинира три различни киселини – гликолна киселина, млечна киселина и глуконолактон (полихидроксилна киселина). Оваа комбинација е докажано дека деликатно, но ефикасно ја ексфолира кожата и го стимулира обновувањето на клетките. Млечната киселина е еден од сопствените навлажнувачки фактори на кожата, додека глуконолактонот ги поддржува врските околу колагенот и го спречува неговото распаѓање, а со тоа ѝ помага на кожата да остане еластична.
Дерматолошка нега за кожата, којашто има сила да го промени животот на луѓето
Стареењето е неизбежен дел од нашите животи. И покрај тоа, ние сме многу фокусирани на тоа како да го забавиме овој процес. Кои се придобивките од производите за подмладувачка нега на кожата? Зарем не треба сите да прифатиме дека старееме?
Терминот подмладувачка нега или нега за кожата против знаците на стареење веројатно е погрешно разбран. Всушност, се работи за тоа да се чувствуваме и да изгледаме најдобро. Производите за нега на возрасна кожа на брендот Eucerin® им помагаат на жените од сите генерации да се грижат за себе и да се чувствуваат силни и сигурни. Кога размислувате за сите важни жени во вашиот живот – вашата најдобра пријателка, вашата мајка и баба, вашите сестри, вашите ментори и колеги – секако дека сите тие се различни. Но, без оглед на возраста или генерацијата, стареењето на кожата е тема што ги возбудува. Грижата започнува во текот на третата деценија, кога започнуваат дегенеративните процеси во нашиот организам и кога стануваат забележливи првите знаци на стареење.
Благодарение на ненадминатата и докажана ефикасност на тројниот ефект „пополнува, стимулира, заштитува“, Eucerin® Hyaluron-Filler е одличен пример за тоа што подразбираме под „дерматолошка нега на кожата којашто го менува животот“.