Колку милиони евра вреди бизнисот на најголемите приватни болници?

Во услови кога јавно-приватното партнерство како модел во здравството ја бранува јавноста „Фактор“ направи анализа на најголемите и успешни четири приватни болници ( две клинички болници, една општа и една специјализирана) кои растат и успешно егзистираат. Дали тие можат да бидат мотор на реформата на јавниот здравствен сектор?

Големата четворка приватни медицински центри (клинички, општа и специјална приватна болница) во земјава лани оствариле вкупни приходи од продажба медицински услуги кои надминуваат 61 милиони евра, покажува анализата на скратените искази достапни во ЦРМ на најголемите приватни болници во земјава: скопските „Аџибадем Систина“, „Жан Митрев“, „Ре Медика“ и „Плодност“ од Битола.

Убедливо најголем учесник на пазарот на продажба на медицински услуги во приватното здравство е скопската клиничка болница „Аџибадем Систина“. Оваа компанија лани имала приходи од медицински услуги вредни 35,1 милиони евра и тие во споредба со 2017 година бележат раст на вредноста за 5,2 отсто. „Аџибадем Систина“ лани остварила добивка од 4,12 милиони евра и стапката на профит во однос на приходите е повисока од 11 отсто. Воедно „Аџибадем Систина“ е приватната клиничка болница со најголеми профит во апсолутен износ во споредба со другите приватни болници. Оваа клиничка болница е голема македонска компанија и од аспект на вработувањето. Лани таа вработила 941 вработено лице. Приходот по вработен (просечно за лани) изнесува 37.301 евро, а профитот по вработен е 4.378 евра.

Според износот на приходи на второ место е приватната клиничка болница „Жан Митрев“ која лани остварила приходи во износ од 15,8 милиони евра и тие се за 8 отсто пониски од 2017 година. Оваа болница, најпозната по операциите на срце, лани вработувала 265 лица, а остварила добивка од 1,55 милиони евра и ја дуплирала добивката во однос на 2017 година. Приходот по вработен (просек) изнесува 59.623 евра, а профитот по вработен (просечно) е на ниво од 5.949 евра.

повеќе на фактор.мк

Translate »