Ако се разболиш во втората половина од месецот, лековите ќе си ги платиш од џеб, ги нема на рецепт

– Двете деца ми се болни, па потребниот антибиотик “амоксиклав# ќе им го купам, за што платив нешто помалку од 1.000 денари – реагира една мајка која поминала неколку аптеки и секаде добила ист одговор од фармацевтите дека нема антибиотици за овој месец на лекарски рецепт.

 

Фондот за здравствено осигурување на Македонија под итно треба да ги зголеми квотите на лекови за осигурениците, оние што се издаваат во аптеките на рецепт, бидејќи ако се разболиш во втората половина од месецот, лековите ќе си ги платиш од џеб.

 

Вирозиите и грипот месецов ги кутнаа најголемиот дел од граѓаните, а само неделата што измина заболеа околу 3.800 лица, најголем дел од школската популација и повозрасните. Поголемиот дел од болните наместо да се лекуваат во своите топли домови, тие беа рашетани од аптека до аптека, за да си ја обезбедат потребната терапија.

Пациентите овој сериозен проблем го лоцираат во несодветната политиката на Фондот за здравство, бидејќи како што велат треба да се поминат повеќе аптеки за да се снабдат со неопходните медикаменти.

– Посетив повеќе аптеки, но од фармацевтите добив одговор дека квотите им се завршени, обично до десети во месецот и лекот не може да се обезведи на рецепт, на трошок на државата, туку само доколку си го платите од свој џеб, реагира еден скопски пензионер кои нагласи дека неговата пензија е скромна и затоа практикува како хронично болно лице да ги зема лековите на рецепт, оти за приватно нема доволно пари.

И родителите се жалат дека вирозите ги нападнаа нивните деца, па почесто се принудени антибиотиците да ги плаќаат приватно.

– Двете деца ми се болни, па потребниот антибиотик “амоксиклав# ќе им го купам, за што платив нешто помалку од 1.000 денари – реагира една мајка која поминала неколку аптеки и секаде добила ист одговор од фармацевтите дека нема антибиотици за овој месец на лекарски рецепт.

Граѓаните реагираат и велат дека недозволиво е да се плашиш да не се разболиш во период кога нема лекови.
Проблеми со лековите имаат и хронично болните лица кои треба да бидат постојано под терапија. Тие велат дека буквално треба да преспиваат пред вратите на аптеките за да веднаш штом пристигнат медикаментите да ги земат на рецепт. Некои пак од нив се снаоѓаат и лековите ги обезбедуваат преку роднини во градови во внатрешноста на земјава, каде што понекогаш квотите не се исполнети.

За овие проблеми е запозната е соодветната здравствена иституција. Вечер официјално побара од Фондот за здравствено осигурување на Македонија да образложи како ќе се надмине актуелната состојба, за да може пациентите посебно да се снабдат со лекови на рецепт. Но до затворање на весникот официјален одговор не добивме.

Последното ревидирање на квотите на лековите на позитивната листа се случи во 2015 година.Во земјава околу 770 аптеки имаат склучено договор со Фондот за здравствено осигурување, но заради конкретните проблеми листата многу скоро треба да се ревидира.

Translate »