Лековите даваат резултати, за 10 години ќе се искорени Сидата

Ширењето на вирусот ХИВ, причинителот на СИДА, не само што е спречено, туку е во пад, а Светската здравствена организација сега сака потполно да ја  иискорени оваа болест.Пред три години програма на Обединетите Нации за ХИВ и СИДА пред себе си постави амбициозна цел: Да ја искоренат епидемијата до 2030 година.

Целта на програмата е да се поттикне веќе да не се роди ниту едно дете заразено од вирусот ХИВ, а оние кои веќе боледуваат од оваа болест да се лекуваат со лекови кои им нудат најдобра шанса за квалитетен живот.

Од смртоносна болест, СИДА-та стана болест која може да се контролира.

Според статистичките податоци, благодарение на лековите кои се покажаа како многу делотворни, со ХИВ/СИДА моментално живеат околу 21 милион луѓе во светот.

Но, лековите постојано се доработуваат и стануваат се поефикасни и се подостапни, па целта за искоренување на оваа болест за 10 години и не делува толку нереално.

Брус Рикман, на кого во 2013 година му била дијагностицирана СИДА, вели дека терапијата со нови лекови му го променила животот.

„Откако се заразив од вирусот ХИВ, се изолирав, бидејќи чувствував страв и срам. Во однос на тоа дека се плашев дека ќе му го пренесам некому вирусот, повеќе не сакав да имам партнер“, изјави Рик чиј живот се променил после одреден временски период, кога докторот му рекол дека со помош на новата терапија се намалува количината на вирусот ХИВ во неговата крв.

Рикман потоа веднаш прекинал да се крие и формирал кампања, преку која на други луѓе им го пренесувал своето искуство околу ефикасноста на новите лекови, и како тие влијаат на квалитетот на животот.

Се проценува дека токму благодарение на кампањата на Рикман и слични на неа, бројот на нови случаи заболени од овој вирус бележи значаен пад.

Во 2016 година бројот на лица заразени од ХИВ се намалил за 40 отсто во однос на 2015 година.

Translate »