Важноста на калциумот за човековото здравје!

Калциумот е најважниот и најзастапениот минерал во човечкиот организам кој има посебна улога во зачувувањето на здравјето и виталноста. Човечкото тело содржи 1-1,5 kg калциум, со што е најзастапен минерал во телото, од кои 99% се наоѓаат во коските и забите. Тоа јасно зборува за неговата важност за правилна структура на коските и дека е неопходен за здравјето и убавината на забите. Освен што е одговорен за здравјето на коските и забите и превенција од остеопороза, калциумот има и други важни функции за човечкиот организам.

Кардиоваскуларен систем

Калциумот помага за одржување на здравјето на срцето. Изразено е значаен за нормално згрутчување на крвта. Некои истражувања покажале дека со редовниот дневен внес на оптимални количини на калциум во организмот се потпомага смалувањето на крвниот притисок. Во неколку студии се покажало дека калциумот во комбинација со здрава исхрана и вежбање може да помогне во одржување на нормални нивоа на холестерол.

Нервен систем

Калциумот помага за одржување на нервите, односно за спроведување на импулсите во нервниот систем. Помага во превенција од депресија.

Алергија и астма

Оние луѓе кои немаат оптимални нивоа на калциумот во организмот се особено подложни на алергии и астма. Поради тоа во терапија на сите типови на алергии често се користи калциум, затоа што ја регулира пропусноста на крвните жилички и на тој начин ја ублажува алергиската реакција.

Остеопороза

Остеопорозата е болест чие обележје се кревки и лесно кршливи коски, што е последица од губитокот на коскена маса. После триесетата година од животот започнува бавен процес на смалување на густината на коските и со стареењето се убрзува. Истражувањата потврдиле дека со внесот на оптимални количини на калциум се намалува ризикот од заболување од оваа болест. Со клинички испитувања е покажано дека со користењето на природен калциум од лушпите од јајца (со земање на дополнителни оптимални дози на витамините K и D3, и минералите Zn и Mg), забележано е наталожување на коскеното ткиво и подобрување на здравјето на коската на колкот кај жените.

ПМС

Истражувањата покажале дека калциумот позитивно дејствува на симптомите на ПМС и ги намалува менструалните болки дури за 50% кај жените кои секојдневно внесувале препорачана количина на калциум.

Дополнителни функции на калциумот во човечкото тело

Поедини студии потврдиле дека калциумот придонесува за одржување на оптимална телесна тежина. Калциумот истотака помага во одржување на мускулното здравје и за намалување на болките во мускулите и зглобовите. Дополнителна функција на овој минерал е и неговото позитивно влијание на телесните хормони и ензими.

Природниот калциум во производите OVO CAL е целосно метаболитски aбсорбилен во телото, за разлика од останатите форми кои се абсорбилни само 20%. Ова се должи на тоа што лушпата од јајцето има слична структура на човечките коски. OVO CAL производите се со особено внимание создадени за одржување на здрави нивоа на калциум во човечкиот организам со нивен редовен внес, со што не постои никаков ризик од заситување на организмот со калциум, и се сигурни и безбедни за употреба.

Translate »