(ВИДЕО) Братот на Горан Пандев со Џамбо Агушев и „Бисер Балкански” ја славеше победата!
Фудбалерот Сашко Пандев, кој е помал брат на нашиот репрезентативец Горан Пандев, синоќа во Струмица ја прослави победата на нашите фудбалери со музичарот Џамбо Агушев и неговиот трубачки оркестар.
–
Со звуците на фолк хитот ,,Бисер Балкански”, качен на стол во кафеана и со македонското знаме во рацете, помладиот Пандев заедно со поголема група на пријатели се веселеше за големиот спортски успех кој неговиот брат и го донесе на Македонија. Видео снимка од настанот се споделува на социјалните мрежи.
Инаку, Сашко Пандев (33) е поранешен младински репрезентативец и член на ФК Турново. Пред пет години се ожени со Ивана, ќерката на сопственикот на ФК Турново, Орце Тодоров.
Линк до видеото