Дали стратегијата на Трамп е прекин во броењето на гласовите и правење немири?

Поддржувачите на Трамп се најдоа пред избирачките места низ Америка во обид да го запрат пребројувањето на гласовите. Трамп побара да се запре гласањето во Пенсилванија и Мичиген (што Бајден го освои), а подоцна и во неколку други држави.

Имено, тимот на Доналд Трамп има намера да преземе правни мерки во Аризона и Невада, додека гласовите сè уште се бројат, пренесува Си-Ен-Ен.

https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=lokalnomk&dnt=true&embedId=twitter-widget-0&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1324211918320635904&lang=en&origin=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fdali-strategijata-na-tramp-e-prekin-vo-broeneto-na-glasovite-i-pravene-nemiri%2F&siteScreenName=lokalnomk&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px

Бидејќи патот на Трамп до победата драматично се стеснува, одлуката е тој да ја користи тактиката што ја користеше претходно, а тоа е – судот.

Неговиот тим веќе покрена неколку правни борби и најавува повеќе тужби.

https://platform.twitter.com/embed/index.html?creatorScreenName=lokalnomk&dnt=true&embedId=twitter-widget-1&frame=false&hideCard=false&hideThread=false&id=1324236910613549056&lang=en&origin=https%3A%2F%2Flokalno.mk%2Fdali-strategijata-na-tramp-e-prekin-vo-broeneto-na-glasovite-i-pravene-nemiri%2F&siteScreenName=lokalnomk&theme=light&widgetsVersion=ed20a2b%3A1601588405575&width=550px

Покрај тоа, според Си-Ен-Ен, тие даваат се од себе да го забават пребројувањето на гласовите и на тој начин да си купат време каде што можат да изгубат.

Исто така, приврзаниците на Трамп се во голема мера собрани во големи групи пред избирачките места и веќе протестираат.

Претседателот Трамп вчера го поминал денот телефонирајќи им на републиканските гувернери на државите. Откако Фокс Њуз прогласи дека Бајден ја освоил Аризона, Трамп им порачал на советниците веднаш да покренат тужби и така да се обидат да купат време додека се бројат гласовите.

Translate »