Уставен пресече: Парно ќе плаќаат сите

Уставниот суд ја отфрли иницијативата исклучените домаќинства од парно греење да не плаќаат паушал. Тоа значи дека и граѓаните кои не се греат со парно, и понатаму ќе плаќаат сметки.

Се претпоставува дека над 12 илјади домаќинства  исклучени од системот за снабдување со топлинска енергија секој месец плаќаат паушал од 500 до 1.200 денари. Граѓаните револтирани против  ваквата одлука со години претестираа пред Уставниот суд. Во 2009 та  Уставниот суд ја укина одредбата  со која на граѓаните им се наметнуваше обврска да плаќаат 50% од сметката за парно.

Сепак, остана обврската да плаќаат паушал, зависно од квадратурата на станот. Токму за ваквото толкување на правилниците, судот се прогласи за ненадлежен.

Затоа  исклучените граѓани од системот на БЕГ најавија и тужба ред Меѓународниот суд за човекови права во Стразбур.

Translate »