Чудо во науката: Се роди бебе од ембрион стар 24 години
Науката отиде чекор понапред. Во САД млада мајка од Тенеси минатиот месец родила бебе од ембрион кој бил замрзнат во 1992 година.
По долго чекање 26 годишната Тина и 35 годишниот Бенџамин Гибсон на 25 ноември оваа година станаа родители на Ема Врен.
Ема се родила со тежина од околу 2,9 килограми и висина од околу 50 сантиметри. Интерсно е тоа што ова бебе го држи рекордот за најдолго замрзнат ембрион кој е подоцна роден.
Тина и нејзиниот сопруг одлучиле да побараат помош во Националниот центар за донација на сперма, во кои се наоѓаат ембриони кои нивните биолошки родители не ги искористиле.
Ембрионот од кој се создаде Ема бил смрзнат во 1992 година, кога нејзината мајка имала само 18 месеци. Ембрионот е одмрзнат оваа година и вметнат во матката два дена подоцна.
Двојката Гибсон, кој не може да има деца, размислувала за посвојување пред се одлучат на овој чекор, кажа Бенџамин. “Ема е слатко чудо. Изгледа совршено “, вели таткото на Ема. “Бидејќи сме врснички можевме да бидеме најдобри пријателики“, изјави Тина.