Десет разлики меѓу сиромашни и богати семејства
И богатите и сиромашните родители сакаат нивните деца да бидат успешни и богати. Но, богатите родители, со исклучок на почетниот капитал, исто така, можат да им обезбедат на децата корисни совети и навики кои ќе им овозможат попријатен живот. Од друга страна, сиромашните родители често, воопшто, несвесно и покрај најдобрата намера, ќе создадат менталeн склоп кај своите деца, кој никогаш нема да им помогне да се збогатат во својот живот.
Анализа на стручњаци кои прават разлика меѓу богати и сиромашни семејства и идвојуваат десет разлики.
1. разбирање на парите
Сиромашните не се финансиски писмени, а богатите разговараат за овие теми во домаќинствата.
2. создавање на нови извори на приходи
Сиромашниот човек го троши она што ќе го заработи, а богатиот вложува.
3. никој не е осуден на успех или неуспех
Богатите знаат дека ако не работат како што треба може да останат без пари, а сиромашните тоа не го чувствуваат.
4. не очекувајте магија ниту брзи резултати
Сиромашните сонуваат брзо да се збогатат, а богатите ги учат децата да размислуваат на долги патеки.
5. запознајте ја моќта на навиките
Сиромашните работат и учат само онолку колку е потребно, а богатите создаваат рутина.
6. парите се добри, ама не се чудотворни
Парите не ги решаваат проблемите, но придонесуваат за исполнет живот.
7. не ги снижувајте очекувањата
Сиромашните ги учат децата да ги снижат очекувањата, а богатите ги учат да совладуваат пречки.
8. не работете за пари, туку парите нека работат за вас
Сиромашните работат, а богатите го користат времето да генерираат уште пари.
9. размислувајте за проблеми, не за работа
Сиромашните ги користат парите за да купат нешто, а богатите решаваат проблеми со нив.
10. постојат добри и лоши долгови
Сиромашните велат дека се сиромашни затоа што немаат капитал, а богатите земаат кредит за да заработат повеќе пари.
Како кинезите ги едуцираат своите деца, за да бидат богати и успешни