Митко Чавков се спремал да избега во неговата вила на Халкидики
Митко Чавков бил подготвен и ќе бегал во Грција, односно во неговата вила на Халкидики, вака стои во одлуката по која вечерва е побаран притвор за Митко Чавков, дознава ТВ21.
Неговиот адвокат вели дека невообичаено е два дена пред пресуда да се определи притвор врз основа на службена белешка.
„Некаков си близок пријател на г. Чавков му кажал сосема случајно на некојси припадник на единицата „Алфи“, дека Митко Чавков има вила на Халкидики, не во Република Грција него во Халкидики, па се спремал да избега. Сето тоа е на 12-ти денеска и експресно врз основа на службена белешка , значи без никаква реална околност, било каков обид за бегство или нешто друго да е направено, туку врз основа на службена белешка која за судот беше доволна да определи притвор. Она што е многу битно да се потенцира, Митко Чавков беше на слобода со прифатена гаранција од 600.000 евра, не во пари туку во недвижнини,на членови на неговото најблиско семејство. Дали некој нормален може да смета дека тој ќе се даде во бегство и ќе ги остави неговите најблиски на улица“, изјави за Телма Сашо Дуковски – адвокат на Митко Чавков.
Неговиот адвокат додава дека како што вели тој пресудата била донесена и дека Митко Чавков в петок ќе биде осуден на драконска казна од над 14 години затвор.