Четиривалентните вакцини против грип обезбедуваат најширока можна заштита од грип

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми кои можат да доведат до хоспитализација и смрт

Вчера, во Француската Амбасада во Република Македонија, во присуство на медицинската јавност се одржа медицинска конференција за важноста на имунизацијата и улогата на вакцините. На неa беше презентирана платформата за едукација на населението под име „Заштита од грип, важноста на имунизацијата и улогата на вакцините”.

Пред истакнатите имиња од здравството, лекари, имунолози и медицински професионалци, се обрати францускиот амбасадор Кристијан Тимоние’, како и министерот за здравство Венко Филипче кој ја презентираше стратегијата за имунизација на населението и новите, високоефективни четиривалентни вакцини со кои отсега ќе можат да бидат опфатени и социјално загрозените категории но и ранливите категории како деца и трудници.

Амбасадорот потсети на традиционално добрите билатерални односи во областа на здравството, особено на изборот на професорот Зоран Гучев, познат ендокринолог и педијатар, како и на многубројните врски што во текот на студирањето ги создаваат македонски лекари во Франција. Тој најави дека Француската Агенција за развој, во иднина ќе може да дејствува во Македонија, особено во областа на здравството, што ќе отвори нови перспективи за коишто амбасадорот разговараше со министерот за Здравство, г. Венко Филипче. Тој исто така ги поздрави неодамнешните одлуки за снабдување со инсулин со константен и проверен квалитет што зборува за сериозниот пристап на новите власти и нивната волја да се приклучат кон европските здравствени стандарди. Соработката со „Санофи Пастер”, француската фирма со меѓународна репутација, е важен елемент од безбедноста во областа на здравството, кон којашто сакаме да дадеме целосен придонес.

За првпат во Македонија, успеавме да набавиме четиривалентна вакцина која е најнова и висококвалитетна и заштитува од четири видови на инфлуенца. Годинава, вакцините против сезонски грип се бесплатни за лицата над 65 години со просечна и потпросечна пензија, како и за оние без пензија. Четиривалентната вакцина е производство на Француската фармацевтска компанија „Санофи Пастер“ и се надевам дека оваа вакцина ќе  биде одлична превентивна заштитна мерка против грип оособено за лицата постари од 65 години, хронично болните, здравствени работници, лица со кардиоваскуларни и респираторни заболувања, како и воопшто за лица со намален имунитет, изјави Доц. д-р Филипче, Министер за здравство.

На настанот бeа презентирани податоците од Европскиот центар за превенција и контрола на болести и Европската комисија кои покажуваат дека грипот може да убие повеќе луѓе отколку сообраќајни незгоди. Тој е одговорен за 70.000 смртни случаи годишно во Европската унија, од кои 90% се на возраст над 65 години, луѓе главно со придружни хронични болести.

Министерството за здравство за прв пат набавува 28.000 дози на висококвалитетни вакцини против грип од реномирани производители со кои бесплатно ќе се вакцинираат лицата постари од 65 години со просечна или потпросечна пензија и останатите социјално загрозени лица.

На настанот беа претставени и новите четиривалентни вакцини од реномираната француска компанија „Санофи Пастер” кои се одликуваат со врвен квалитет, кои се сигурни, проверени и одобрени од највисоките светски медицински институции, а за нашето население се од посебна важност бидејќи со нив за прв пат безбедно можат да се вакцинираат деца од 6-месечна возраст и трудници.

Како светски лидер во производството на вакцини, наша должност во текот на стогодишната историја на Санофи Пастер е да развиеме ефикасни вакцини кои спасуваат човечки животи. Ние годишно произведуваме преку 1 милијарда вакцини, овозможувајќи им на над 500 милиони луѓе ширум светот да бидат вакцинирани против разни болести. Само во 2017 година низ светот обезбедивме над 200 милиони дози од вакцината против грип, изјави Ивана Стакиќ, Медицински менаџер на Sanofi Pasteur одговорна за централна и југоисточна Европа.

 

Санофи Пастер сака да ја поддржи иницијативата за подигнувањето на свеста за имунизацијата, додека истовремено се труди да развие нови и подобрени вакцини за подобрување на здравјето и благосостојбата на населението. Драго ми е што ние сме првата компанија што ги направи достапни четиривалентните вакцини против грип на македонскиот пазар,” изјави Дороти Лазаревска, Директор за Санофи во Македонија.

Вакцинацијата против грип е најефективниот начин за спречување на болеста и нејзините тешки форми, а кои можат да доведат и до хоспитализација и смрт. Покрај тоа, грипот, има сериозни социо-економски последици и предизвикува трошоци и за здравствениот систем и за секој граѓанин поединечно. Четиривалентните вакцини против грип обезбедуваат најдобра можна заштита од грип, бидејќи обезбедувајќи заштита од 4 типа на грип. До сега, вакцините против грип беа тривалентни, што значи дека заштитувале од 3 вида на грипа: два од типот А и еден од тип Б. Последниве години, двата вида грип од типот Б, биле присутни со различен интензитет во различни периоди од годината и во различни земји. Варијабилноста и непредвидливоста на двата вида грип од типот Б, предизвикаа да биде исклучително тешко за Светската здравствена организација да одлучи за кој грип од типот Б ќе се препорачува тривалентната вакцина. Затоа оваа година СЗО препорачува употреба на четиривалентни вакцини против грип, а секако притоа треба да се пофали и македонската влада за почитување и усогласување со препораките на СЗО, истакнаа експертите на конференцијата. Вакцинацијата е препорачлива посебно за ризичните групи во кои влегуваат: возрасни над 65 години, деца над 6 месеци, бремени жени, медицински професионалци и оние кои страдаат од хронични заболувања на респираторните и кардиоваскуларните системи, дијабетес и други метаболитички болести. Во некои земји од ЕУ, како Холандија и Велика Британија, покриеноста со вакцинацијата против грип кај ризичните групи достигнува до 75%. Заразните болести се главната причина за смрт, дури и во најразвиените земји. Според светската здравствена организација (СЗО) со вакцинацијата се зголемува имунитетот  и се заштитуваат над 3 милиони луѓе годишно низ целиот свет.

Sanofi, e светски лидер во областа на здравството, кој развива и нуди терапевтски решенија, кои во својот фокус ги имаат потребите на пациентите. Структурата на Sanofi вклучува пет глобални бизнис насоки: “Дијабетес и кардиоваскуларни заболувања”, “Општи лекови”, “Sanofi Genzyme”, “Sanofi Pasteur” и “Лекови без рецепт”. Во Македонија, Sanofi се стреми да го подобри квалитетот на живот на Македонците, обезбедувајќи пристап до иновативни здравствени терапии, нудејќи широко портфолио на фармацевтски производи.

Translate »