Алое вера и аронија – Супериорна комбинација за заштита на дигестивниот систем

Алое вера и аронија – две моќни природни суперхрани што претставуваат комбинација која не само што го штити дигестивниот систем туку и нуди многу повеќе здравствени придобивки. 
Алое вера, со своите успокојувачки и заздравувачки својства, векови е позната како природно решение за проблеми со желудникот и целиот дигестивен систем. Од друга страна, аронијата, со својата висока антиоксидантна содржина се смета за една од најмоќните супстанци за заштита на желудникот.

Со соединувањето на овие две состојки, добиваме моќна комбинација која е богата со витамини, минерали и фитохемикалии. Но предностите не се ограничени само на дигестивниот систем. Алое вера со аронија има и антиинфламаторни својства, го подобрува имунолошкиот систем, го поддржува нивото на енергија и помага во одржување на општата здравствена состојба.

За истакнување е и дека во текот на летото многу чести се инфекциите на цревата предизвикани од труење со храна или цревни бактериски инфекции од расипана храна (бидејки храната е поподложна на расипување, особено производи со свежо млеко, јајца кои не се чуваат на соодветен температурен режим, или месо кое не е добро и до крај подготвено) и токму Алое вера со аронија гелот ни доаѓа како прва помош и за имунитетот и за заштита на стомакот и цревата при инфекции и нарушена дигестија (делува и антимикробно и ја штити обвивката од бактерии, не дозволува да се развијат инфекции, ги смирува иритациите и ја подобрува дигестијата доколку стомакот не работи добро.

Добро е да го носиме како прва помош кога патуваме!
Редовното внесување на гел од Алое Вера со екстракт од аронија овозможува:

Подобрување на имунитетот и одржување на имунолошката функција во организмот.
Поддршка за варењето и гастроинтестиналната функција (Алоето содржи ензими кои учествуваат во процесот на варење и муколитични полисахариди кои ги обложуваат органите за варење како што се желудникот и цревата), спречувајќи иритации предизвикани од токсините и микроорганизмите.
Заштита од оксидативен стрес (широк спектар на минерали, витамини, антиоксиданси од екстрактот од алое и аронија и други фитоелементи кои учествуваат во метаболичките процеси на телото и обезбедуваат антиоксидантна заштита).

Гелот од Алое Вера со екстракт од аронија е додаток во исхраната кој содржи 99,5% концентриран гел од сертифицирано органско Алое од видот Barbadensis Miller, збогатен со екстракт од аронија. Служи како извор на широк спектар на хранливи материи, ензими, моќни антиоксиданси (антоцијани) и други биоактивни молекули со уникатни придобивки.
Дополнително, производот: гел од Алое вера со екстракт од аронија од Натура Терапи е поддржан и препорачан за употреба од Здружението на педијатри во Македонија.

Translate »