Како кинезите ги едуцираат своите деца, за да бидат богати и успешни
И додека повеќето родители викендот го поминуваат со своите деца во парк, на игралиште или во зоолошка градина, Кинезите своите најмалечки ги носат на разгледување на луксузни вили.
Конкуренцијата во Кина е огромна, а тоа не е чудно со оглед на тоа што населението е преку милијарда. Затоа е доста важно тие да ја зграпчуваат секоја можност за да бидат во предност пред останатите, без разлика дали станува збор за затворски систем на образование или викенд тури по луксузни вили. Токму ова второто е огромен хит меѓу кинеските родители, кои своите деца повеќе не ги носат во парк туку во посета на разни одморалишта со недвижнини вредни преку милион долари. Крајната цел е да им покажат колку животот може да им биде убав кога се богати и успешни и на ваков начин да им се приближи важноста на квалитетното образование.
Моментално, најуспешна тура е онаа во „Heming Island Resort and Spa“ во Квингјанг, која во сабота и недела испраќа околу 50 семејства. Тие ја посетуваат вилата, одморалиштата и гаражите преполни со скапи автомобили, додека децата се учат дека мораат да бидат успешни за да бидат богати и да можат да си дозволат се`.